Со особена чест ја пречекавме амбасадорката на Јапонија, Нејзина Екселенција Сецуко Кавахара, во рамките на нејзината официјална посета на нашата компанија Термалифт во Куманово.
За време на посетата, амбасадорката Кавахара се запозна со производните и сервисните капацитети на компанијата, како и со најновите решенија од нашето портфолио на вилушкари и платформи.
На средбата беа разменети мислења за јакнење на економската соработка, унапредување на технолошките стандарди и развој на кадри во индустријата.
Амбасадорката ја истакна својата поддршка и восхит за посветеноста на Термалифт кон квалитет, иновации и одржлив развој, нагласувајќи ја улогата на ваквите компании во продлабочување на соработката меѓу Јапонија и Северна Македонија.
Од своја страна, Термалифт ја изрази благодарноста за посетата и ја потврди својата определба за промовирање на Јапонските производи и квалитет и понатамошни инвестиции, модернизација и активно учество на меѓународните пазари.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Сликите можете да ги погледате подетално на следниов ЛИНК >
#Termalift #Japan #Macedonia #Diplomacy #Innovation #Forklifts #Куманово #Соработка



























