Гуми

Термалифт ви нуди различни типови на гуми за вашиот вилушкар. Во зависност од вашата специфична апликација, некои гуми може да обезбедат дополнителни продуктивни и безбедносни придобивки во вашата работа.

Најзастапени гуми за вилушкари:

  • Пневматски гуми

  • Полни гуми

  • Лиени гуми

Бидејќи секој вилушкар има специфични каракрестики, потребни се дополнителни податоци пред да се нарачаат гумите. Затоа потполнете го формуларот и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.



Пневматски гуми

Им овозможуваат на операторите полесно возење и обезбедуваат дополнителна армортизација кога вилушкарот се движи врз земја или мека подлога. Воздухот во гумата е компресиран многу повеќе за разлика од гумите кај автомобили или камиони. Тие имаат длабока шара и се направени од силен, долготраен гумен материјал. Овие гуми се идеални за отворен терен.

Полни гуми

Идеални за вилушкари кои се користат во затворен простор и креваат на големи висини. Иако, полните гуми можат да бидат првично поскапи, тие траат подолго и операторите не треба да се грижат за дупчење. Достапни е и немаркирачка варијанта на полни гуми (каучук) кои не оставаат траги на подот и траат 30% повеќе од обичните полни гуми. Гумите се достапни во различни видови шара.

Лиени гуми

Составени од цврст материјал кој е директно притиснат на тркалото. Тие лежат пониско до земјата и нудат помал радиус на вртење, што дава предност во маневрирањето во тесни простори. Тие се првенствено прилагодени за употреба во затворени или поплочени подови, и најчесто ги користат магацинските вилушкари (палетари, стакери, регални вилушкари и слично).

Контакт

Ваши податоци:


Податоци за тркала:


ПРОЦЕС НА РЕПАРАЦИЈА

ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ

Прием Контрола
Репарација Контрола
Лимарија и фарбање Контрола
Изложбен салон Контрола
Испорака

БРЕНДОВИ

Toyota
Mitsubishi
Komatsu
Nissan
TCM
Linde
Caterpillar
BT
Shinko
Sumitomo-Yale
Baumann
Genie
JLG
Skyjack
HAKO
UniCarriers Nissan