Конвенционално регално решение
Нај универзалниот систем за директен и едноставен пристап до секоја палета.
Оптимално решение за магацини со палетизирана роба на различни висини.
Просторот помеѓу регалите и нивната висина зависат од карактеристиките на вилушкарот, палетните димензии и висината на магацинот.
Предности
- Комплетна контрола на секоја палета и брз пристап до неа
- Максимална адаптибилност за било кој вид на палета во однос на нејзината тежина и волумен
- Може да се адаптира и за пикирање на роба
- 5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА!
Вилушкари наменети за ваков тип сталажи
- Стакер - до 6.000 mm / потребен простор помеѓу регали: 2462 mm
- Регален вилушкар - до 13.000 mm / потребен простор помеѓу регали: 2836 mm
- Контратег вилушкари - до 7.500 mm / потребен простор помеѓу регали: 3440 mm
- VNA - до 16.800 mm / потребен простор помеѓу регали: 1660 mm
Тунелско редење на палети
Овој систем е базиран на принцип на акумулација, при што дозволува максимална искористеност на слободен простор наменет за регали.
Тунелски регали се дизајнирани за складирање на хомогени продукти / палети.
Предности
- Максимална профитабилност на просторот наменет за регали (до 85%)
- Намалување на бројот на коридори помеѓу регалите
- Контрола на влез и излез во регалите
- Можност за FILO и FIFO системи
- 5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА!
Овој систем се користи често во ладни магацини (ладилници) кои бараат максимално искористување на просторот наменет за продукти со контролирана температура.
Вилушкари наменети за ваков тип регали:
Тунелски варијанти на
- Стакери - максимална висина на кревање 6.000 mm
- Регални вилушкари - максимална висина на кревање 13.000 mm
- Контратег вилушкари - максимална висина на кревање 7.500 mm
Дополнително, за да бидете потполно сигурни и да ја одржите безбедноста во магацинот,
ви нудиме и решенија за заштита на магацинот >
BOPLAN заштитници за магацински и производствени простори.
Доколку сакате професионална и брза понуда и инсталација побарајте нé на бројот: 075 362 923 или преку еmail filip.d@termalift.com.mk