Со големо задоволство ви го претставуваме успешно реализираниот настан 'Светски ден на Вранец', кој се одржа на 5-ти Октомври во Национална Опера и Балет. Нашата компанија имаше чест да биде ко-домаќин на овој значаен настан заедно со Амбасадата на Јапонија, Министерство за Земјоделие и Вина на Македонија.

Прославата беше особено значајна бидејќи со него ја одбележавме 30-годишнината од воспоставувањето на допломатски односи помеѓу Р.Јапонија и Р.С. Македонија - јубилеј кој сведочи за долгогодишното пријателство и соработка помеѓу нашите две земји.

Вечерта беше збогатена со извонредниот настап на реномираниот јапонски оперски пејач маестро, Казухиро Котецу, заедно со НУ Камерен Оркестар на Битола кои ја доближија јапонската култура до нашата публика на еден уникатен начин a исто така ги презентираше на извонреден и уникатен начин нашите најубавите македонски песни испеани на македонски јазик!

Овој настан претставува уште еден чекор во нашата долгогодишна заложба за зајакнување на културните врски помеѓу Јапонија и Македонија. Повеќе од 25 години, нашата компанија гради цврсти деловни врски со Јапонија, а преку вакви настани ја прошируваме нашата соработка и на полето на културата.

Им се заблагодаруваме на сите присутни и на нашите партнери кои го направија овој настан возможен.

Со нетрпение очекуваме да продолжиме да градиме мостови помеѓу нашите две култури преку уметност, вино и заедничка соработка!