МАШИНСКИ ИНЖИНЕР

ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.

Има потреба да вработи:

МАШИНСКИ ИНЖИНЕР

Опис на работно место:

Организирање на работа и процеси во работилница

Изготвување и Задавање на задачи на вработени во работилница

Контрола на задачите, процесите и вработените во работилница

Одржување на ред и контрола на хигиена во работилница

Организирање на тренинзи и унапредување на знаење на подредените

Асистирање и помош на вработените во работилница

Комуникација и мотивација на вработените во работилница

Изнаоѓање решенија за сложени проблеми

Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и нивно презентирање кај надредените

Воведување на нови процеси и стратегии за подобрување на работата во работилница и вработените

Поставеност во организација:
• Директно одговара на Генералниот Менаџер (Директор)
• Раководи со тим од 15 луѓе (Авто-Механичари, Авто-Електричари, Авто-Лакери, Бравари)

Знаења:
• Индустриски машини (вилушкари, подвижни платформи и сл.) со нивни компоненти (Механика, Хидраулика, Електрика и сл.)
• Менаџирање и контролирање на вработени (подредени)

Вештини:
• Англиски јазик
• Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook)

Потребно:
• Искуство во областа на механика, сервисирање и организирање од минимум 2 години – Автомобили и индустриски машини
• Високо развиени oрганизациони, комуникациски и лидерски способности
• Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
• Спремност за превземање на одговорност
• Тимска работа
• Пожелно работно искуство во менаџирање во слични идустриски гранки или
• Возачка дозвола – Б категорија

Компанијата нуди

Плата од 49.000 до 61.000 во зависност од покажаниот резултати. (Платата е пониска за времетраење на обуката)

Платата можно е да биде и повисока од 61.000 во зависност од иновативноста, заинтересираноста и посветеноста.

Можност за унапредување во “Директор за пост-продажба” со плата над 92.000 денари

Неопределено вработување со почетен пробен период.

Обуки и тренинзи во областа која работи.

Модерни, Високо квалитетни услови за работа.

Платени патни трошкови.

Годишни рекреативни семинари со комапнијата.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации

СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ

Напомена:

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака за кое работно место аплицираат НЕМА да бидат разгледани!

Компанијата се наоѓа во Куманово

Дневно работно време е претпладне, од 08.30 до 16.30 часот, од понеделник до петок и сабота од 8Ч30 до 15:00

ТЕРМАЛИФТ Куманово е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Вашето CV испратете го на filip.d@termalift.com.mk

Аплицирај

ПРОЦЕС НА РЕПАРАЦИЈА

ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ

Прием Контрола
Репарација Контрола
Лимарија и фарбање Контрола
Изложбен салон Контрола
Испорака

БРЕНДОВИ

Toyota
Mitsubishi
Komatsu
Nissan
TCM
Linde
Caterpillar
BT
Shinko
Sumitomo-Yale
Baumann
Genie
JLG
Skyjack